Републичкиот завод за статистика упатува јавен повик за сите заинтересирани кандидати да се пријават, во периодот од 24 јуни (од 9.00 часот) до 3 јули 2022 година (до 20.00 часот) за инструктори за потребите на спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и домовите во 2022.
Заинтересираните кандидати можат да се пријават само со пополнување на електронска пријава на веб-сајтовите на Републичкиот завод за статистика www.stat.gov.rs и popis2022.stat.gov.rs.
Задачи на инструкторите:
Инструкторите имаат обврска да присуствуваат на петдневната обука, да ја совладаат методологијата на Пописот и работата на апликациите за собирање податоци и мониторинг, да спроведат петдневна обука на кандидатите за попишувачи, и на територијата за која се задолжени да го следат текот на попишувањето, да ја контролираат работата на попишувачите кои им се доделени, да им даваат потребни упатства и да им помагаат во работата и надминување на спорни состојби во текот на попишувањето. Еден инструктор, во просек, е задолжен за мониторинг на работата на седум попишувачи.
Период на ангажирање
од 23. август до 31. октомври 2022. године
Напомена: за време на обуката кандидатите за попишувачи, подготовката за работата на терен и во текот на теренската реализација на Пописот, прерасподелбата на работното време се врши во согласност со Планот на активности и може да вклучува и работа за време на викенд.
Општи услови кои треба да ги исполнува кандидатот:
- државјанство на Република Србија;
- пребивалиште или пријавен престој во Република Србија;
- најмалку 18 години возраст во моментот на пријавување на пријавата;
- стекнато најмалку четиригодишно средно образование;
- да ни е осудуван на казна затвор од најмалку шест месеци, против кандидатот да не е покрената истрага и против кандидатот да не се води кривична постапка.
Посебни услови кои кандидатот треба да ги исполнува:
- познавање на работа на компјутер (MS Office, интернет) – се предвидува тестирање на кандидатот;
- можност за користење на сопствен компјутер и пристап на интернер во текот на периодот на ангажирање.
Со избраните кандидати се склучува:
- Договор за привремени и повремени работи (за невработени лица, вработени лица со неполно работно време, лица со старосна пензија) или
- Договор за дополнителна работа (лица вработени со полно работно време кај друг работодавач, односно чиј работодавач не е Република Србија)
ВАЖНА НАПОМЕНА: Заводот не е одговорен за евентуално губење на правата на работно ангажираното лице до кое може да дојде заради промена на неговиот работно правен статус и остварување на надокнада за работа (нпр: престанок на исплата на семејна пензија, надокнада во случај на невработеност и сл.).