Ѕуница – декември 2021
Драги дечиња, поздрав!
Сега повеќе не се надевам дека сте добро,
веќе тоа од вас го очекувам. Падна првиот снег и веројатно веќе помалце одите да се играте со него. Тоа е добро за здравјето, но не претерувајте.
Вирусот Корона е и понатаму опасен. Чувајте се ве молам.
Зимата дојде. Нова Година дојде. Среќна нека ви е и бериќетна. Бидете здрави, играјте се и уживајте во зимските убавини. Дојде и денот на вашиот распуст. Одморете од учењето и од редењето петки во училиштето.
Но да не заборавам. И во овој број повторно ќе се дружите со нашиот поет Саво Костадиновски. Тој, како што ви кажував, живее во странство, но пишува за сите дечиња. Каде и да се.
Ќе ви кажувам и за две различни животни. Секако ќе можете да уживате и во веќе традиционалните рубрики „Забави се”, како и „Легендите за македонските градови”. Повторно и овој пат ќе ве запознаем со нов град.
Па драги мои дечиња, уживајте во уште еден број на вашата омилена „Sуница”.
До следно читање убави мои!