ШАХОВСКИ РЕКОРДИ
Во денешниот текст ќе имаме мал осврт на шаховските рекорди. Се работи за опсежна тема така да ќе се осврнеме само на најинтересните рекорди.
Најдолгата изиграна шаховска партија на некој званичен турнир беша партијата одиграна помеѓу Николиќ–Арсовиќ во Белград во 1989 година и траеше 20 часови и 15 минути, при што беа изиграни 269 петези. Партијата заврши нерешено.
Најдолгата званична шаховска партија одиграна на светско првенство е 6-та партија на Светското првенство во шах 2021. година која се играше помеѓу Магнус Карлсен и Јан Непомниахчи, која Карлсен ја доби после 136. потег. Играта траеше 8 часа, 15 минути и 40 секунди.
Боби Фишер е рекордер со низ од 20 победи во низ на светскиот шампионат.
Најдолгата потврдена серија без пораз на елитно ниво му припаѓа на Магнус Карлсен, кој постигна серија без пораз од 125 натпревари во класичен временски формат.
Највисокиот рејтинг некогаш постигнат е 2882, на Магнус Карлсен на листата во мај 2014 година.
Гари Каспаров беше највисоко оценет светски играч на рејтинг-листата на ФИДЕ за рекордни 255 месеци.
Најмладите светски шампиони
• Најмлад „неприкосновен„ светски шампион: Гари Каспаров; 22 години, 6 месеци и 27 дена, титула освоена 1985 година
• Најмладиот „спорен„ светски првак ФИДЕ: Руслан Пономариов; 18 години, 3 месеци и 13 дена, титула освоена 2002 година
• Најмладиот женски светски шампион во шах е Хоу Јифан од НР Кина; 16 години, 9 месеци и 27 дена, титула освоена 2010 година.
За крај една шаховска позиција за размилсување “најсигурниот крал на светот”