ВестиОбразованиеШах-инфо

Шаховски работилници во Качарево

Во Здружението на Македонците „Вардар“ во Качарево, под покровителство на Македонскиот национален совет, на 31 мај и 7-ми јуни 2025 година успешно се одржаа шаховски работилници за деца. Целта на настанот беше да се запознаат младите со основите на шаховската игра и да се поттикне нивниот интерес за изучување на македонскиот јазик со елементи на националната култура во основното училиште во Качарево.

Преку интерактивни активности и шаховски игри, децата не само што ги развиваа своите когнитивни способности, туку и се запознаваа со значењето на македонскиот јазик како изборен предмет во образовниот систем. Настанот беше одлична прилика за младите да се поврзат со своите корени и да ја зајакнат својата национална свест.

Организаторите изразија благодарност до Македонскиот национален совет за поддршката и изразија надеж дека ваквите активности ќе продолжат да се реализираат и во иднина, со цел да се поттикне интересот на децата за македонскиот јазик и култура.

Шаховската работилница ја водеше авторот на рубриката Шах-инфо на порталот Мак-инфо, Ѓорѓе Смугрев, а покрај претставниците на здружението од Качарево, присутни беа претседателката на Советот Зорица Митровиќ, секретарот Марјан Јованоски и членката Љиљана Најдовска.

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button