ВестиМакедонија
Честитка од Македонскиот национален совет по повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија

Македонскиот национален совет во Србија со особена чест и гордост им го честита 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија на сите Македонци во Србија, во татковината и насекаде низ светот.
„Овој ден не потсетува на истрајноста, храброста и љубовта кон слободата и својот национален идентитет. Нека независноста ни биде поттик да останеме обединети, да ја чуваме македонската традиција, јазик и култура и да ја пренесуваме на идните генерации,“ се вели во честитката на Советот.
Советот порачува:
„Да живее Република Македонија! Да живее македонскиот народ!“