
На 16 април 2025 година во Скопје, на Националната арена Тодор Проески е закажан пријателски натпревар помеѓу фудбалските клубови Вардар и Црвена Звезда. Натпреварот е од хуманитарен карактер и сите средства од билетите ќе бидат донирани за настраданите и повредените во трагедијата во Кочани.
Билетите, ќе чинат 100 и 200 денари и ќе бидат пуштени во продаба наскоро на платформа на интернет. Влезот на натпреварот ќе биде бесплатен за децата од основните училишта во Кочани.