Хуманитарен концерт ,,Мевлем” во Белград за настраданите во Кочани
Во сабота, 29 март, во установата за култура ,,Пароброд” во Белград, одржан е хуманитарен концерт посветен на споменот на жртвите од трагичниот пожар во Кочани – проектот „Мевлем“.

„Мевлем“ е уметнички концепт на композиторот и поет Марко Виденовиќ кој ги поврзува музиката и поезијата, создавајќи простор за подлабоко разбирање, исцелување и сочувство преку уметноста. Овој проект ѝ нуди на публиката уникатно емотивно искуство, суптилно допирајќи ги темите на загуба, љубов, меморија и надеж.
Концертот беше извонредна можност да се солидаризираме со повредените и нивните семејства и да им се оддаде почит на жртвите во трагедијата. Сите собрани пари ќе бидат наменети за семејствата на повредените во трагичниот пожар во Кочани.
На концертот настапија: Марко Виденовиќ – пијано/рецитирање, Памела Велкова – виолина, Верица Ајтовска – виола и Енис Аљи – виолончело.
Концертот беше одржан во организација на Музичката младина од Белград, долгогодишен пријател – Музичката младина на Македонија @jmmacedonia и УК Пароброд, во присуство на голем број на посетители.
