МАК Инфо ПродукцијаШах-инфо

ХЕКСАГОНАЛ

Во денешниот текст освртот е на таканаречените хексагонални шаховски варијации. И како што името асоцира, за разлика од класичниот шах, шаховските табли се составени од шестоаголни ќелии. Бидејќи секоја шестоаголна ќелија што не е на работ на таблата има шест соседни ќелии, при што генерално има зголемена подвижност за повеќето фигури во споредба со стандардна шаховска табла. Распоредот на фигурите и правилата се различни и зависат од варијација до варијација.

. Во прилог се најзначајните варијации:

“Глински”

“Мекој”

“Шафран”

“Бруски”

Распоредот на фигурите и правилата се различни. Така на пример во најпозната варијанта “Глински”, вкупно белиот и црниот располагаат со по 18 фигури од што 9 пиони и 3 ловци. Во прилог се правилата за движење на фигурите, при што движењето на топот е слично како и движењето на кралицата во класичниот шах, а движењето на кралицата е “конфузно”.

Според мене хексагонален шах е конфузен и збунувачки но би можел да биде интересен.

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button