БлогВестиМакедонија

Францускиот предлог и македонската голгота кон Европската унија

И одеднаш се се динамизира. Францускиот претседател Емануел Макрон го испорача таканаречениот француски предлог кој би требало да го откочи блокираниот почеток на преговорите за пристапување на Европската унија со македонската држава. Блокираниот почеток благодарејќи на соседната Бугарија која во континуитет, а истовремено во својство на држава членка на ЕУ одбива да го прифати постоењето на македонскиот јазик, македонската нација и македонската историја па бара во преговарачката рамка за македонската држава да бидат вметнати и барањата на официјална Софија, односно да бугарската држава може во секој момент да го блокира европскиот пат на Скопје доколку македонските власти не ги задоволат очекувањата на бугарските колеги.

И тоа е вистината, која, впрочем ја потврди и македонскиот претседател Стево Пендаровски, само што тој го подржа францускиот предлог уверувајќи ја македонската јавност дека станува збор за транзицијски период кој ќе овозможи почеток на преговорите, ама кој понатаму нема ништо да гарантира, ниту дека македонската држава ќе стане полноправна членка на европското семејство, ниту дека бугарската држава ќе ги прекине своите блокирања на македонскиот пат кон ЕУ. Всушнот францускиот предлог е само билет са почеток на преговорите, а како ќе се одвиваат работите понатаму – никој не знае, ниту пак гарантира.

Во меѓувреме работите во Скопје зовреа. Македонските граѓани веќе неколку дена под ред излегуваат на масовни протести пред македонската влада и собрание, додека пак представниците на власта тврдат дека токму овој француски предлог го гарантира постоењето на македонскиот јазик и во рамките на Европската унија.

Од друга страна расте и надворешниот притисок кон македонската држава. Прво се јави албанскиот премиер Еди Рама кој рече дека ова е историска шанса за македонската држава да влезе во преговарачки процес со ЕУ, истовремено нагласувајќи дека Албанија повеќе нема да го чека својот сосед на европскиот пат. Потоа се јавија и многу други истакнати представници на ЕУ помеѓу кои беше и Шарл Мишел кој одеднаш допатува во Скопје да поразговара со представниците на власта и да ја увери македонската јавност дека со францускиот предлог се штитат и македонскиот идентитет и македонскиот јазик.

Но никој аргументирано не испадна да ги увери во тоа оние илјадиници граѓани што протестираат на скопските улици, ниту представниците на власти, ниту оние од европското семејство кои толку ја посакуваат македонската држава во Европската унија. Никому не му е јасно што всушност се случува. Зошто ако е навистина заштитен македонскиот јазик и идентитет се појавија одеднаш толку масовни протести? Зошто дури некои пратеници од редовите на власта застанаа позади оние кои протестираат и зошто македонската опозиција одбива да го подржи овој предлог, стокмен во Париз, ама, бар како сега изгледаат работите, по мерките на Софија?

Македонската држава е уште еднаш на прекретница. Дали ќе прифати да тргне кон европскиот пат со сите оние услови и предуслови кои во секој момент ќе може да и ги испорача Софија или пак уште еднаш, слично и како во 2008 на Самитот на НАТО во Букурешт ќе го каже своето ретко, но големо НЕ и чека можеби уште неколку децении за остварување на клучната надворешно-политичка цел а тоа е полноправно членство во Европската унија.

Политичката одговорност повторно е на потег. Прво и Ковачевски и Пендаровски и Османи начелно го прифатија предлогот, без да се консултираат со другите политички субјекти и македонските граѓани, а сега баш оние се под директен притисок на меѓународните представници, пред се оние од ЕУ, да реализираат нешто за што ни самите тие, како што рече претседателот Пендаровски, не знаат во кој правец ќе ја носи македонската држава.

Всушнот ова што го гледаме овие денови е резултат на едно долгорочно и не стратешко водење на македонската политика, и на внатрешен и на надворешен план. Уште еднаш македонските политичари се надмудрени, овој пат од своите колеги во Софија кои успеаа билатералното прашање да го сместат во европски рамки и да испорачуваат услови скроени во Софија, ама испрате од Брисел. И после некој ќе рече дека бугарите не биле мудри. Маневарскиот простор на македонските власти во однос на францускиот предлог е готово затворен, тие не можат да пружат ниту еден чекор напред, ниту еден чекор назад, само што колатералната штета и од овој процес повторно ќе бидат македонските граѓани и сите оние кои како и во случајот со НАТО, ќе чекаат уште десетина години да ја доживеат својата долгоочекувана европска перспектива – а да она не е видена само преку призмата на бугарскиот пасош.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button