ВестиКултура

Фотографиите на д-р Коцев на натпревар „Национална географија“

Нашиот сонародник, д-р Константин Коцев учествува на фото конкурсот „National Geographic“ за 2022 година со три фотографии, кои можете да ги погледнете тука:

Вчера – денес – утре – Кога го запознав внук ми, помислив на дедо ми и прадедо ми. Колку од нас ќе има во генерациите кои чекаат да се родат? Ќе не паметат ли? Каков свет им оставаме?
МИР СО СЕБЕ, МИР СО СВЕТОТ – Велат дека паунот може да нападне. Но… не размислував за тоа. Мојот показалец долго време го чекаше овој момент. Смири се, да „фатиш“ мир, да фатиш љубов!
СНАГА – Гледајќи ги неверојатните облици што ги преземаа облаците на небото, сфатив колку силен ветерот може да биде… ако сака. Планините спроти манастирот Св. Јован Бигорски, Ростуше, Национален парк Маврово, Македонија

Ве покануваме да го поддржите и да гласате. Може да гласате само за една фотографија, затоа изберете внимателно! Нека победи најдобрата фотографија.

Гласањето трае до 15 септември.

Д-р Коцев веќе подолго време се занимава со фотографија, учествувал на бројни конкурси, натпревари и работилници, а неговите фотографии биле изложени на неколку групни изложби.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button