Формиран Македонски бизнис клуб во Белград

Во Белград е формиран Македонски бизнис клуб, асоцијација на македонски бизнисмени и македонски компании кои работат во Србија. Поводот за формирање на клубот е поврзување на бизнисмените, дипломатите и институциите заради зајакнување на деловната соработка меѓу Македонија и Србија.

Претседател на Македонскиот бизнис клуб е бизнисменот Јане Честовалиев, сопственик и извршен директор на „4UPharma“.

Покрај претседателот Честовалиев во Управниот одбор се потпретседателите Игор Петров – директор на Алкалоид во Србија и Милорад Крстиќески – директор на Бритиш-Американ Тобако во Србија, а генерален секретар е Столе Змејкоски директор во компанијата Цептер.

По повод основањето на Клубот, на 8-ми мај беше приреден прием и коктел, на кој присуствуваа многубројни бизнисмени и менаџери – Македонци во Србија, претставници на дипломатскиот кор, претставници на македонската Амбасада во Србија, српски институции и стопанската комора, како и претставници на Македонскиот национален совет.
