Томислав Жигманов кандидат за министер за човекови и малцински права
Лидерот на СНС Александар Вучиќ по седницата на претседателството на партијата ги објави имињата на кандидатите за министри во новата Влада на Ана Брнабиќ. За министер за човекови и малцински права ќе биде именуван Томислав Жигманов, претседател на Демократскиот сојуз на Хрватите во Војводина.
Како истакна претседателот Вучиќ, тоа е големо изненадување, бидејќи се работи за припадник на хрватската национална заедница во Србија.
Жигманов истакна дека неговото именување е признание за ДСХВ за доследно залагање за општествената праведност, малцинската политика, како и унапредување на правата на Хрватите во Србија.
Предлогот Жигманов да биде именуван за министер го поздрави и претседателката на Хрватскиот национален совет Јасна Војниќ, истакнувајќи дека тоа е значителен исчекор во унапредувањето на положбата на хрватската заедница, но и сериозен пристап во институционалното зајакнување на севкупната положба на националните малцинства во Србија.
Честитки упати и хрватскиот министер за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман во иметно на хрватската влада.
Кој е Томислав Жигманов?
Томислав Жигманов роден ево Таванкут на 12 мај 1967 година. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Нови Сад на отсекот филозофија со оценка 10 на тема „Платонови докази за бесмртноста на душата и прашањето за етиката“.
Рано влезе во политичкиот живот во Србија. Уште во 1991 година се појавува како член на Демократскиот сојуз на Хрватите во Војводина. Тој во 1996 година беше исклучен од истата партија по расправии со раководството. Во 2015 година стана претседател на ДСХВ, а на изборите во 2016 година беше избран за пратеник на листата на Демократската партија.
Во ноември 2019 година влезе во коалиција со Лигата на социјалдемократите на Војводина наречена Војводински фронт, со која се кандидира за пратеничко место во Собранието на Србија.