ВестиКултура

Театарските уметници од Србија, Македонија и Албанија стануваат дел од „Отворен Балкан“

Претставници на националните театри на Србија, Македонија и Албанија денеска во Владата на Србија потпишаа протокол за соработка во рамките на иницијативата „Отворен Балкан”. Договорот, што беше инициран на неодамнешниот форум „Отворен Балкан” во Охрид, го потпишаа в.д. директорот на Народниот театар од Белград Светислав Буле Гонциќ, директорот на Националната опера и балет од Скопје Васо Ристов и Абигајла Воштина од Народен театар за опера и балет од Тирана, а потоа ќе го потпише и претставничката на Македонскиот народен театар Симона Угриновска.

„Во Охрид ја претставивме идејата за можност за заедничка соработка на културно ниво, на ниво на размена меѓу Тирана, Скопје и Белград и дојдовме до идеја за формирање ‘Отворен балкански театарски фестивал’, што всушност ќе вклучи размена на искуства, педагози, уметници и изведби”, рече Гонциќ по потпишувањето. Документот беше потпишан по разговорите во Белград каде претставниците на националните куќи „се договорија, се согласија и го зацртаа основниот пат на еден ваков фестивал”, рече Гонциќ.

Светислав Гонциќ

„Фестивалот се роди со идејата дека треба да ја отвориме вратата кон иднината, особено на младите и да започнеме нов концепт и свет. Поминавме многу време разговарајќи на таа тема, и официјалното потпишување на договорот формално означи нов почеток”, рече Гонциќ. Изразувајќи надеж дека фестивалот „ќе има позитивно влијание и врз публиката и врз самите творци”, Гонциќ додаде дека во следните неколку месеци ќе се направат подготовки за практично да се спроведе договорот

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button