
Претставата “Земја на штркови” на Театарот ,,Провокација” од Скопје од 15 до 17 мај 2025 година во рамките на манифестацијата Денови на македонската култура се одигра во Белград, Јабука и Вршац, под покровителство на Македонскиот национален совет.




Претставата покажа како кога ќе се спојат извонреден текст, актуелна тема и актери кои се на висина на задачата, се добива незаборавно театарско искуство. Секој од актерите целосно се внесе во својата улога и донесе автентичност на сцената, што резултираше со маестрална изведба на претставата која е за паметење, но и за размислување!




Претставувањето на македонската култура во сите нејзини форми и интерпретации веќе долги години е главна цел и задача на манифестацијата Денови на македонската култура во Белград, поддржана од страна на Македонскиот национален совет во Србија.