ВестиКултура

Театар ,,Провокација” за крај на Деновите на македонската култура во Белград

Со изведба на преставата „Разведи ме” на скопскиот театар „Провокација” на сцената на Театар78 свечено заврши овогодинешната манифестација Денови на македонската култура во  Белград- Допир на Македонија 2022 година.

Комедијата „Разведи ме” во режија на Роберт Ристов ја разведри и воодушеви публиката но и ја замисли да ги согледа сите нијанси на црвената боја како симбол на љубовта.

Во потрага за одговорот зошто  им се распаѓа бракот, актерите Роберт и Мирјана Ристова  и пружија на публиката одлично актерски одиграна и режирана  претстава која ја наградија со овации и долги громогласни аплаузи.

Со гостувањето на приватниот театар „Провокација„ од Скопје, здружението „Македониум” продолжува да ја промовира богатата македонска театарска сцена во главниот град на Србија и придонесува за унапредување на културната сорабoтка меѓу македонскиот и српскиот народ.

Гостите од Скопје, Роберт и Мирјана Ристови изразија голема благодарност за можноста да настапат пред белградската публика, а пред се, пред Македонците кои живеат и работаат во Белград. Во разговорите со претставнците на здруженеито „Македомиум“ изразена е единствена  желба за натамошна соработка  на заеднички проекти .

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button