ВестиКултура

Театарска претстава во рамките на Деновите на македонската култура во Белград

Во рамките на манифестацијата Денови на македонска култура во Белград „Допир на Македонија“, беше одиграна претставата „Вај-Фај“ – театарска комедија од Мирољуб Недовиќ-Рики на драмското студио Тетово а во режија на Мирко Видоески. Театарскиот комад се одигра во салата на ПАН театарот во Белград на ден 28.05.2024 година.

Од страна на Националниот совет на македонската национална заедница во Србија, кој е поддржувач на манифестација, беше нагласено дека ваквите настани имаат огромно значење во промоцијата и негувањето на македонската култура, особено во овој случај меѓу белградската публика.   

На настанот присуствуваа голем број припадници на македонската заедница во Белград.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button