„ТВРДИНА“
Во денешниот текст ќе се осврнемене на таканаречената шаховска твдрдина. Во шахот, тврдината е финална шаховска позиција во која противникот и покрај одредената предност во фигурите не е во можност да ја реализира наведента предност, односно не може да ја пробие одбраната на противникот.
Ова може да вклучува држење на противничкиот крал надвор од својата позиција или безбедната зона.
Тврдините најчесто ги имаат следниве карактеристики:
1. Не се можни пробиви на пионите
2. Доколку доминатната страна има пиони, тие се цврсто блокирани
3. Кралот на посилната страна не може да навлезе во доминантна шаховска позиција бидејќи е или изолиран или близу до работ на таблата.
Најчестиот пример на „тврдината“ е таканаречена „корнер тврдина“, позиција во која на таблата се останати само неколку фигури, при што кралот е позициониран во аголот и не може да биде принуден да се одалечи од аголот или да биде матиран.
Класичен пример на „корнер твдина“, црниот крал е на А8, при што не постоји опција белиот да ја искористи својата предност.
Таканаречена „Лоли“ позиција, двата ловца го штитат кралот.
Дуелот помеѓу кралицата и двата скокачи, според мене најинересна позиција.