Вести

Средба со надлежниот министер за човекови и малцински права Томислав Жигманов

Министерот за човекови и малцински права и општествен дијалог, во Владата на Република
Србија Томислав Жигманов ја прими и разговараше со новоизбраната претседателка на
Македонскиот национален совет Зорица Митровиќ.

Министерот Жигманов истакна дека е сигурен дека досегашната одлична соработка на
Министерството и Македонскиот национален совет ќе биде продолжена и дека поддршката на
Министерството за иницијативите на македонската заедница и понатаму ќе придонесува на
развојот и перспективата на Македонците во Србија. Воедно, министерот Жигманов и посака на
претседателката Митровиќ добредојде во, како истакна, клубот на успешни претседателки на
националните совети.

Министерот подвлече дека вратата на Министерството е секогаш, како и до сега, отворена
за соработка и дека Министерството ќе продолжи да работи на поврзувањето на националните
совети со локалните и регионални претставници на власта, за да предизвиците, со кои што се
соочуваат националните заедници, позитивно се разрешуваат на обострана корист.
Претседателката Митровиќ се заблагодари на досегашната поддршка на Министерството,
посебно во овој тежок период и нагласи дека оваа година е јубилејна за македонската заедница,
бидејќи се одбележува 20годишнина од основањето на Националниот совет. Таа го извести
министерот и дека седиштето на Советот од Панчево се преместува во Нови Сад.
На состанокот присуствуваа и државниот секретар проф. Д-р Рејхан Куртовиќ,
помошничката на министерот од секторот за национални малцинства Биљана Марковиќ, шефицата
на кабинетот Александра Рашковиќ, како и директорот на НИУ ,,Македонски информативен и
издавачки центар’’ Озрен Симјановски.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button