Вести
Актуелно

Средба со градоначалникот на Нови Сад: Подготовки за јубилејот и споменикот „Мајка Македонија“

Во Нови Сад се одржа работна средба меѓу претставниците на Македонскиот национален совет и градските власти, на која во фокусот беа активностите поврзани со одбележувањето на значајниот јубилеј – 80 години од доселувањето на Македонците во Војводина.

Делегацијата на Советот, предводена од претседателката Зорица Митровиќ, во чиј состав беа директорот на НИУ МИЦ Озрен Симјановски, секретарот Марјан Јованоски и првиот секретар на Амбасадата на Република Македонија, Гоце Пејовски, оствари средба со градоначалникот Жарко Мићин и неговите соработници.

На состанокот беа разгледани клучните сегменти од програмата за одбележување на јубилејот, со акцент на подготовките за поставување на споменикот „Мајка Македонија“ во Нови Сад. Овој споменик е замислен како траен белег и симбол на присуството, културниот идентитет и придонесот на македонската заедница во регионот.

Покрај тоа, беа разгледани и деталите околу организацијата на свечена академија, која се планира да се одржи кон крајот на мај, а на која се очекува присуство на највисоки државни претставници, вклучително и премиерите на Србија и Македонија.

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button