Вести

Средба на претставниците на Советот со надлежниот покраински секретар Жолт Сакалаш

Покраинскиот секретар за образование, прописи, управа и национални малцинства Жолт
Сакалаш ја прими и разговараше со новоизбраната претседателка на Македонскиот национален
совет Зорица Митровиќ.

Соговорниците се согласија дека Покраинската влада во изминатите години даваше
континуирана поддршка на припадниците на македонската национална заедница врз бројните
програми, што како истакнаа, даде конкретни резултати. Разгледувани се можностите за
унапредувањето на положбата на Македонците во општеството, а како приоритети на
Македонскиот национален совет истакнати се областите на образованието, културата и
информирањето.

Посебен осврт направен е на претстојната селидба на седиштето на Советот од
Панчево во Нови Сад и разгледувани се можностите на унапредувањето на работата на
Советот и обезбедување на буџет од градот Нови Сад, како и обезбедување на простории.
Покраинскиот секретар истакна и дека еден од најзначајните задачи на Советот во
иднина треба да бидат и поттикнувањето на припадниците на македонската заедница активно
да учествуваат во сите општествени процеси, бидејќи тоа би довело до нивното вклучување во
сите сегменти на општеството, со што создаваме узори и добри примери за сите други
заедници.

На состанокот присуствуваше и советничката на градоначалникот на Нови Сад за
малцински прашања Ана Јукиќ, и директорот на НИУ Македонски информативен и издавачки
центар Озрен Симјановски.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button