Вести

Состанок на претставнците на Советот со Амбасадорот на мисијата ОБСЕ во Белград

Во мисијата на ОБСЕ во Белград одржана е средба на претседателката на Македонскиот национален совет Зорица Митровиќ со амбасадорот на ОБСЕ во Република Србија Јан Брату. Во придружба на претседателката Митровиќ беа директорот на НИУ МИИЦ Озрен Симјановски, секретарот на НС Марјан Јованоски и финансиската соработничкаво советот Јелена Јаќимовски. Додека делегацијата на ОБСЕ покрај амбасадорот Брату ја сочинуваа и Милица Родиќ и Доминик… соработници за малцински прашања во Мисијата на ОБСЕ во Белград.

Најпрвин беше изразено задоволство од средбата и континуирано добрата комуникација меѓу НС и Мисијата на ОБСЕ во Белград со определба за натамошно унапредување преку отворен, чест и конструктивен дијалог за сите прашањата од взаемен интерес. Претседателката Митровиќ го информираше амбасадорот Брату дека од пред неколу недели седиштето на НС на МНЗ е преселено во Нови Сад, а објаснувајќи ги најважните причини за тоа, истакна дека тој чекор е направен од чисто практични и корисни причини, пред се поради близината со покраинските институции, но и зајакнувањето на македонската заедница која живее во Војводина.

Истовремено информираше дека во 2024 година се навршуваат 20 години од основањето на Националниот совет на МНЗ во РС и поради тоа се подготвуваат неколку настани со цел одбележување на јубилејот, иако програмата е во значителна мера редуцирана поради прераната смрт на претходниот претседател на НС на МНЗ Борче Величковски. Во таа насока во наредните месеци се планирани неколку активности а кон крајот на 2024 и почетокот на 2025 година се подготвува да излезе во печат Монографијата за НС на МНЗ, како и документарен филм на РТВ Војводина од активностите на советот во 20-те години постоење.

Претседателката Митровиќ нагласи дека најважна активност која би требало да го одбележи наредниот период од неколку месеци би биле подготовките за изработка на Стратегијата на НС на МНЗ во РС за наредните 10 години (2025-2035), за што побара поддршка и помош од страна на ОБСЕ во финансиска и логистичка смисла. Од друга страна подвлече дека НС во областа на културата има планирано многу настани активности до крајот на оваа година, додека во областа на образованието планира активности за дополнување на бројот на паралелки во кои се изучува Македонскиот јазик со елементи на национална култура со две нови школи и тоа во Ниш и Краљево, како и подготовка на наставни планови и програми и подготовка на учебници за овој изборен предмет.

Амбасадорот Брату, заблагодарувајќи се за добиените информации истакна дека навистина се важни 4-те области во кои советот има самоуправа и нагласи дека македонсите национален совет е еден од најактивните совети во Србија, особено имајќи го во предвид буџетот со кој располага. Според него, многу е интересен податокот дека повеќе од 300 деца го изучуваат македонсиот јазик со елементи на национална култура во Србија и во таа насока изрази надеж дека оваа бројка ќе се зголемува уште повеќе со продолжување на активностите на НС на ова поле. Споменувајќи ги резултатите на пописот во РС, амбасадорот Брату се интересираше за причините за големиот пад од 35% на Македонците во Србија на пописот. Истовремено изрази интерес за добивање на информации зошто не се одржуваат седници на меѓу-владината комисија за имплементација на спогодбата за малцински права на Македонците во Србија и Србите во Македонија, иако истата е формирана во 2004 година а одржала само една седница досега. Се интересираше и за тоа како функционираат Советот за национални малцинства, но и координацијата на Националните совети на малцинствата во РС.

Амбасадорот Брату пофалувајќи ја работата на НС на МНЗ истакна дека многу му се допаднала идејата за реализација на двојазична театарска претстава во рамките на МНЗ и смета дека тоа е правиот пат преку кој што би се стимулирало привлекување на младите припадници на македонската заедница во Србија да се активираат и вклучат активно во делувањето и активностите на својата заедница.

Амбасадорото подвлече дека ОБСЕ ќе се вклучи и во финансиска и во логистичка поддршка во подготовките и изработката на Стратегијата на НС на МНЗ во РС 2025-2035 година и најави дека би му било многу драго лично да го посети новото седиште на НС на МНЗ во Нови Сад кога тоа ќе биде целосно во функција.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button