Состанок на претставниците на Советот со Покраинскиот омбудсман
Претставниците на Македонскиот национален совет, Зорица Митровиќ претседателка и
Озрен Симјановски член и директор на НИУ ,,Македонски информативен и издавачки центар’’ го
посетија Покраинскиот омбудсман и во таа прилика разговараа со покраинската заштитничка на
граѓаните доц. д-р Драгана Ќориќ и Јелена Радуловиќ Гламочак советничка за национални
малцинства.
Драгана Ќориќ ги запозна претставниците на Советот со работата и планираните
активности на институцијата Покраински омбудсман и истакна дека заштитата и зачувувањето на
правата и слободите на националните малцинства претставуваат значителна област за таа
институција. Договорена е и конкретна соработка во рамките на проектот објавување на
Универзалната декларација за човековите права на јазиците на националните малцинства, меѓу кои
и македонскиот јазик. По објавувањето, двете институции ќе организираат заедничка промоција во
Нови Сад. Покраинската заштитничка на граѓани изрази и задоволство од одлуката на Советот да
го премести седиштето во Нови Сад, главниот град на покраината, каде што малцинствата се
повидливи и имаат повеќе можности за унапредување.
Претседателката на Националниот совет Зорица Митровиќ, кусо ја претстави работата на
Националниот совет и активностите кои што треба да бидат спроведени во наредниот период, во
рамките на одбележувањето на јубилејот 20 години од основањето на Советот.