Соработка и во областа на шахот
Во организација на Шаховскиот клуб ,,Аљехин” свечено беше отворен меѓународниот шаховски турнир ,,Панчево опен” кој што траеше до 31 август.
Турнирот има рејтинг кај меѓународната шаховска федерација, а го отворија претседателот на Шаховскиот сојуз на Белград Андрија Јоргиќ и претседателот на Шаховскиот сојуз на Војводина Зоран Станимировиќ. Гостуваат шахисти од 7 држави: Македонија, БиХ, Турција, Русија, Израел, Азербејџан и Казахтан.
На отворањето присуствуваа и претседателката на Македонскиот национален совет Зорица Митровиќ и секретарот Марјан Јованоски, кои ги поздравија учесниците од Македонија.
Со претседателот на шаховскиот клуб ,,Аљехин” Предраг Томин договорена е соработка на есен – организирање на шаховски работилници со децата кои што го изучуваат Македонскиот јазик во Србија, како и организација на првиот шаховски турнир на Македонска виделина.