Вести
Актуелно

Советот активно вклучен во меѓудржавните процеси за малцински прашања

Во Палата Србија се одржа подготвителен состанок на српскиот дел од Меѓувладината мешовита комисија со Република Македонија, на кој беа разменети мислења и утврдени почетни ставови за понатамошната работа на ова значајно билатерално тело.

Со состанокот претседаваше државниот секретар во Министерството за човекови и малцински права и општествен дијалог Иван Бошњак, кој нагласи дека прашањата поврзани со националните малцинства се високо позиционирани меѓу приоритетите на надлежното министерство. Тој истакна дека во наредниот период се очекува дополнително интензивирање на активностите, со цел унапредување на правата и положбата на малцинските заедници.

На состанокот учествуваше и Озрен Симјановски, заменик-член од редовите на Македонскиот национален совет во Република Србија. Со своето учество, Советот уште еднаш ја потврдува својата активна улога во процесите од значење за македонската национална заедница, особено во делот на институционалниот дијалог и меѓудржавната соработка.

По изборот на членови и конституирањето на македонскиот дел од комисијата, се очекува и седница на овие две меѓувладини мешовити комисии.

Воедно, во Палатата „Србија“ беа одржани и подготвителни состаноци на српскиот дел од меѓувладините тела за национални малцинства со Република Унгарија и Република Хрватска, на кои членовите меѓусебно се запознаа и разменија почетни ставови.

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button