Свечено поставување на бистата на Гоце Делчев во Пустец
По повод одбележувањето на 121 годишнина од загинувањето на Гоце Делчев, во Пустец Албанија посетавена е и свечено отворена биста со неговиот лик. Бистата е поставена на иницијатива на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, чиј претседател Васил Стеровски истакна дека оваа биста е симбол на непоколебливоста и вербата во принципите на правда и слобода на македонскиот народ.
На свеченоста присуствуваа претставниците на Македонскиот национален совет во Србија Ивана Цветковиќ и Благоје Илијевски, како и претставници на Движеньето “За наша Македонија”, на Македонска ализанса за европска интеграциа од Голо Брдо, од Светскиот Македонски Конгрес, од Заедницата на Македонците од Егескиот дел на Македонија протерани ог Грција, од Соузот на здружениата на Македонците и децата бегалци од Егерскиот дел на Македониа МАКЕДОН.
„Во овие тешки времиња, повеќе од кога било ни е потребно единство и решителност. Нека примерот на Гоце Делчев биде наш водич и инспирација“, рече Стеровски кој додаде дека како Македонска алијанса за европска интеграција продолжуваат да се борат за правата и идентитетот на македонскиот народ во Албанија.
На присутните им се обрати и македонската министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, која во своето обраќање изрази задоволство дека заедно со Македонците од другата страна на границата, оддава почит на еден од најсветлите ликови на нашата историја, идеолог и борец за слободна и независна македонска држава.
Бистата на Гоце Делчев е изработена од уменикот Зоран Тошевски, а е поставена пред цркавата „Св. Архангел Михаил“ во Пустец, на плоштадот именуван по Делчев. Како што велат од Македонската алијанса за европска интеграција, МАЕИ, со поставувањето на бистата на големиот херој, Македонците од Пустец ја потврдуваат својата верба дека вредностите за кои тој се борел остануваат живи и водилка и за денешните генерации. Поставувањето на оваа биста ќе придонесе за зачувување на македонското културно наследство и идентитет во областа Преспа.