СВЕТСКИ ШАХОВСКИ КУП ЗА ЖЕНИ

И како што најавивме во денешниот текст освртот е на светскиот шаховски куп за жени кој се одржа во Батуми, Грузија во период од 5 до 29 јули годинава, при што учесвувале вкупно 107 шахистки. Првото место и припадна да Индијската шахистка Divya Deshmukh, второто место на сонародничката Koneru Humpy, а третото на Кинеската шахистка Tan Zhongyi, при што сите ти се квалификувале за турнирот за кандидатките на кој во некој од наредните текстови подетлано ќе се осврнеме. Инаку турнирот за прв пат не се одржа паралелено во исто време со турнирот во машка конкуренција.

Туртниорот се играше во седум “knockout” фази. Партиите беа времеснки лимитирани на 90 минути, плус 30 секунди за секој потег, плус 30 минути за четрдесетиот потег. Доколку беше нерешено се играле брзи партии, 15 минути плус 15 секунди за секој потег. Доколку ни во тој случај немаше победник се играле таканаречени блиц партии, 5 минути плус 15 секунди за секој потег. Како последна опција се играше блиц партија со временски лимит од 3 минути плус 2 секунди за секој изигран потег.
Наградниот фонд беше 691.000 долари, при што на првопласираната и припаднале 50.000 долари, на второпласираната 35.000 долари, а на третопласираната 25.000 долари. Во прилог е една интересна партија од 2025. година помеѓу Адела Валикиќ и Divya Deshmukh.

Во наредниот текст ќе се осврнеме на една од шаховските варијации, таканаречениот “шах во слободен стил”.



