СВЕТСКИ ШАМПИОНАТ 2023
Во денешниот текст ќе се осврнеме на светскиот шампионат во шах за 2023, година. Во наведениот турнир вкупно учествувале 206 шахисти. Турнирот се одржа во Баку, Азербејџан во период од 30 јули до 24 август 2023. година, инаку родниот град на Гари Каспаров.
Турнирот се одржа истовремено со Светското првенство во шах за жени во 2023 година.
Јан-Кшиштоф Дуда беше бранител на титулата, но загуби во петото коло од Фабијан Каруана. Овогодишната титула му припадна на Магнус Карлсен кој во финалето беше подобар од новата Индијска ѕвеѕда Прагганадха.
Турнирот беше организиран по нокаут принцип, при што најдобрите 50 носители се пласираа директно во втората рунда. Поразените од двете полуфиналиња одиграа меч за третото место.
Играчите кои завршија на првото, второто и третото место се пласираа на турнирот за кандидати за 2024. година, турнир кој ќе го реши предизвикувачот за претстојното светско првенство.
Секое коло се состоеше од класични тајмирани партии во првите два дена, плус тајбрејкови во третиот ден доколку е потребно. Временските рокови беа како што следува:
Две класични временски лимитирани партии: 90 минути, плус 30 минути после 40 потег, плус 30 секунди после секој изигран потег. Доколку натпреварот беше изедначен по класичните партии, играчите играа две партии брз шах, лимирирани на 25 минути плус 10 секунди после ској изигран потег. Доколку натпреварот беше изедначен, играчите играа уште две партии брз шах, со временски лимит од 10 минути плус 10 секунди по потег.
Ако натпреварот сепак беше изедначен, играчите играа два блиц-гема, со пет минути плус три секунди зголемување по потег, по играч. Доколку натпреварот сепак беше изедначен, се играше само еден блиц, со три минути плус две секунди по потег, за да се реши натпреварот. Ждрепката утврди кој играч ќе игра со бели фигури. Доколку играта беше изедначена, играчите ги менуваа боите и повторно играа, а овој процес се повторуваше додека не се добие решавачки резултат.
Вкупниот награден фонд е 1.834.000 УСД, а првата награда е 110.000 УСД
Seed | Name | Aug 2023 rating | 1 | 2 | R1 | R2 | Total |
69 | Nijat Abasov | 2632 | 1 | 0 | 0 | 0 | 1 |
3 | Fabiano Caruana | 2782 | 0 | 1 | 1 | 1 | 3 |
Seed | Name | Aug 2023 rating | 1 | 2 | R1 | R2 | Total |
1 | Magnus Carlsen | 2835 | ½ | ½ | 1 | ½ | 2½ |
31 | R Praggnanandhaa | 2690 | ½ | ½ | 0 | ½ | 1½ |
Во линкот е најинтересната партија од наведениот дуел.