Осврт на Светскиот шампионат во шах 2023 – Ривалство на Рус и Кинез
Пебедничкиот пехар
Во денешниот текст подетално ќе се осврнеме на Светско првенство во шах за 2023. година. Шампионатот се игра помеѓу Јан Непомњиачи од Руска федерација и Динг Лирен од НР Кина, кој се игра во Астани, Казахстан, од 9 до 30 април 2023. Се игра во 14 партии плус тај-брејк доколку е потребно.
Јан Непомњиачи
Динг Лирен
Наградниот фонд е 2 милиони евра, од кои 60% добива победникот, а 40% второпласираниот. Доколку е нерешено после 14 партиии, наградни фонд ќе бити поделен 55% према 45% во корист на победникот.
Контролата на времето за секоја игра во класичниот дел од натпреварот ќе биде 120 минути по страна за првите 40 потези, 60 минути за следните 20 потези и 15 минути за остатокот од играта, со зголемување од 30 секунди по потег, почнувајќи од потег 61.
Шампионатот се игра во 14 партии: доколку резултатот остане егал после 14 партии се игра тај-брејк со забрзана контрола на времето, на следниот принцип:
Тај брејкот се состои од 4 брзи партии од 25 минути и плус 10 секунди почнувајќи од потегот 1. Ако играчот постигне 2½ поени или повеќе, го освојува шамионатот.
Доколку резултатот биде изедначен после брзитее партии, ќе се одигра мини-натпревар од два блиц натпревари, со временска контрола од 5 минути плус зголемување од 3 секунди почнувајќи од потегот.
1. Ако играчот постигне 1½ поени или повеќе, станува шампион. Доколку блиц мини-натпреварот биде изедначен, се игра уште еден мини-натпревар со истите услови за да се реши победникот на шампионатот.
Доколку резултатот биде егал после двата мини натпревари, се игра со временска контрола од 3 минути плус 2 секунди зголемувања почнувајќи од потегот 1, а победникот би го освоил првенството. Ждрепката ќе одлучи кој играч ќе игра со белите фигури. Доколку оваа игра биде изедначена, ќе се игра уште една обратна блиц игра со иста временска контрола, а победникот би го освоил првенството. Овој процес ќе се повторува додека некој од играчите не ја добие играта.
Со денешниот ден, после 11 одиграни партии во предност е Јан Непомњиачи.
Rating | Match games | Points | ||||||||||||||
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | |||
Ian Nepomniachtchi(RUS) | 2795 | ½ | 1 | ½ | 0 | 1 | 0 | 1 | ½ | ½ | ½ | 5½ | ||||
Ding Liren (CHN) | 2788 | ½ | 0 | ½ | 1 | 0 | 1 | 0 | ½ | ½ | ½ | 4½ |
Во наредните текстови подетално ке се осврнеме на одиграните партии и шампионот.