СВЕТСКИ КУП

Да, во денешниот текст, но и во наредниот период освртот ќе биде на 11. светски шаховски куп кој се одржува во Гоа, Индиа, во период од 31.октобри до 27. ноември. На турнирот учествуваат вкупно 206 шахисти, при што првите 3 места автоматски се квалификуваат за “турнирот на кандидатите”. Едно појаснување, се работи за турнир, не за борба за светска титула. Победник на турнирот од 2023. година е Магнус Карлсен.
Се игре според следните правила:
Двете класични партии имаат временско ограничување од 90 минути за секоја страна за првите 40 потези, потоа дополнителни 30 минути за остатокот од партијата, + 30 секунди за секој нареден потег.
Ако натпреварот е нерешен 1–1 по двете класични партии, се играат две брзи партии лимит од 15 минути + 10 секунди за секој нареден потег
Ако натпреварот е нерешен 2–2, се играат две партии од 10 минути + 10 секунди за секој нареден потег.
Ако натпреварот е нерешен 3–3, се играат две партии од 5 минути + 3 секунди за секој нареден потег.
Ако натпреварот е нерешен 4–4, се играат две партии од 3 минути + 2 секунди за секој нареден потег.
Се игра за награден фонд од 2 милиона долари, при што на победникот ке му припаднат 120.000 долари. Во прилог се некои интерсни шаховски позиции:




За сите 4 позиции каракеристчна е доминантна, речеси добиена паритија, но се игра до крај.



