По двегодишна пауза, издавачите и љубителите на книги повторно се собираат во Белград. Меѓународниот белградски саем на книгата насловен „Враќањето на напишаните“ ќе се одржи од 23 до 30 октомври.
Оваа регионално најголема манифестација посветена на книгата се занимава со промоција на книжевното творештво и образование, културна размена со странство и иницирање актуелни литературни и општествени прашања. Саемот на книгата секоја година е домаќин на бројни писатели и издавачи, кои ги презентираат своите изданија и актуелни продукции.
Годинава од Македонија ќе учествува само издавачката куќа Икона, чие седиште е во Скопје (во хала 4). Оваа издавачка куќа во 2014 година ја доби наградата „Доситеј Обрадовиќ“ на 59. Меѓународен саем на книгата во Белград, која се доделува на странски издавач за континуиран придонес во објавувањето и промоцијата на српската литература.
Македонскиот информативен и издавачки центар од Панчево, своите изданија ќе ги претстави на штандот на Покраинскиот секретаријат за образование, прописи, управа и националните заедници.