Вести

РТВ дел од свеченостa по повод 20-годишнината на Македонскиот национален совет

Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија годинава слави јубилеј, 20 години од формирањето. Радио-телевизијата на Војводина беше домаќин на членовите на Македонскиот национален совет на чело со претседателката Зорица Митровиќ, секретарот Марјан Јованоски и директорот на Новинско издавачката установа Озрен Симјановски при што беше реализирана средба со заменик директорката на РТВ Сања Кужиќ Јашаревиќ, главната и одговорна уредничка на втора програма Андреа Јухас и одговорниот уредник на редакцијата на македонски јазик Златко Јанкуловски.

На средбата беше потврдена досегашната добра соработка помеѓу РТВ и Националниот совет и договорена е уште поблиска соработка со оглед на тоа дека седиштето на Советот од скоро е префрлено во Нови Сад каде што е седиштето и на РТВ. Исто така, се разговараше за свечената академија на Националниот совет на македонското национално малцинство, каде што ќе се прикажува дел од програмата што македонската редакција на РТВ две децении ја снимаше во емисијата „Македонско сонце“.

Истовремено, од страна на претставниците на Советот беа презентирани плановите и проектите кои ќе бидат реализирани од страна на Советот во наредниот период за што беше замолено за добивање на поддршка и помош од страна на РТВ Војводина.

Раководството на РТВ Војводина срдечно беше покането со своето присуство дополнително да ја збогати свеченоста по повод 20-годишнината на Македонскиот национален совет.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button