Вести
Актуелно

Распишани избори за Националните совети во Србија за 13 ноември – Македонците на електорско собрание

Министерката за човекови и малцински права и општествен дијалог на Србија, Гордана Чомиќ денеска ги распиша изборите за членови на националните совети на националните малцинства за 13 ноември оваа година.

Со одлуката за распишување избори, се распишуваат избори за членовите на националните совети на 23 малцинства. Како што рече Чомиќ, членовите на советите ќе се бираат директно или преку електорско собрание.

  • Во недела, на 13 ноември, членовите на советите на 19 национални малцинства ќе се избираат на непосредни избори, додека четири малцинства горанското, македонското, хрватското и црногорското ќе се избираат преку електорско собрание“, рече Чомиќ.

Таа ги повика припадниците на националните малцинства да продолжат со пријавување во посебните избирачки списоци до 27 октомври, кога списокот ќе биде затворен и кога точно ќе се знае колку припадници на националните малцинства ќе учествуваат на изборите за членови на националните совети.

  • Исклучително е важно секој припадник на национално малцинство доброволно да оди во својата општина и да изрази барање да биде запишан во посебен избирачки список, за да може слободно да ги бира своите претставници во националниот совет, – нагласи Чомиќ.

Дали сте запишани во Посебниот бирачки список можете да проверите ТУКА

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button