ВестиИнформирањеКултура

Промоција на поезија на Зинка Трендовска во Белград

Во Градската библиотека во Белград, на 14 ноември 2025 година, се одржа незаборавна поетска вечер посветена на промоцијата на двојазичната збирка „Копнеж во мугрите“ од македонската авторка Зинка Трендовска. Настанот беше организиран од Здружението Македониум од Белград, а под покровителство на Македонскиот национален совет.

Поетската вечер привлече бројна публика, љубители на литературата и почитувачи на македонската култура, кои имаа можност да уживаат во длабоките, искрени и топли стихови на Трендовска. Збирката, претставена на македонски и српски јазик, ја збогати вечерта со мост на разбирање и културна поврзаност меѓу двете заедници, создавајќи атмосфера исполнета со емоција и духовна блискост.

Настанот дополнително го збогати настапот на пеачката група Македониум, кои ја наполнија душата со македонски мелос. Модератор на вечерта беше поетесата Искра Пенева, додека поезијата на Трендовска на специфичен наин ја долови писателката Снежана Алексиќ Станојловиќ. 

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button