Вести

Продолжени подготовките за изработка на Акциониот план за националните малцинства – со дијалог кон компромисно решение

Одржан состанок на специјалната работна група за подготовка на предлог текстот на акциониот план за остварување на правата на националните малцинства

Министерството за човекови и малцински права и општествен дијалог организираше четврти по ред состанок на Специјалната работна група за подготовка на Акциониот план за остварување на правата на националните малцинства за периодот 2022-2025 година. На состанокот на работната група присуствуваа претставници на релевантните државни органи, независни тела, меѓународни организации и претставници на националните совети на националните малцинства.

Во изминатиот период Министерството активно работеше на усогласувањето на текстот на Акциониот план, како клучен документ кој ќе придонесе за подобрување на положбата на припадниците на националните малцинства. Имајќи в предвид дека во сите досегашни извештаји и препораки до Република Србија од страна на Европската Унија беа дадени забелешки за степенот на имплементација на законодавната рамка, целта на овој Акционен план е да се предвидат активностите кои ќе придонесат во спроведувањето на постоечките законски решенија – нагласи Гордана Чомиќ, министерката за човекови и малцински права.

Министерството на 15 јули оваа година ја стави на јавен увид работната верзија на Акциониот план за остварување на правата на националните малцинства за периодот 2022-2025 година. Предлозите и коментарите беа доставувани до 26 јули. Состанокот беше организиран со цел да се преземат понатамошни активности за подготовка на акциониот план, како и да се разгледаат доставените коментари и сугестии, кои покрај националните совети и државните органи, ги дадоа и меѓународни организации, вклучително и ОБСЕ.

Најпрвин се расправаше за приговорите по јавниот увид. Вкупно осум приговори пристигнаа, а најголемиот број, како што рече Чомиќ, се однесуваат на образованието и културата. Членовите на работната група работат на тоа Акциониот план да биде завршен што поскоро за да биде подготвен за седница на Владата што е можно поскоро. Целта на дијалогот за акциониот план, како што истакна министерката Чомиќ, е да се најде компромисно решение во корист на сите национални совети на националните малцинства.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button