ВестиКултура

Претставена монографијата „Каде умираат дрвјата: магичниот реализам на Живко Чинго“ – Данијела Костадиновиќ

Во Националната библиотека „Стеван Сремац“ во Ниш на 04.06.2024 година се одржа книжевна вечер на која беше претставена монографијата „Каде умираат дрвјата: магичниот реализам на Живко Чинго“ од Данијела Костадиновиќ. На промоцијата беа поканети и присуствуваа претседателката на Националниот совет на македонската национална заедница во Србија Зорица Митровиќ, директорот на новинско-издавачката установа Македонски информативен и издавачки центар Озрен Симјановски , членот на Националниот совет Благоје Илијевски, како и членови на здружението на Македонците – Вардар од Ниш.

 Покрај авторот, за книгата говореа:  д-р Весна Мојсова Чепишевска, редовен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (Македонија) и д-р Данијела Поповиќ Николиќ, редовен професор на Филозофскиот факултет во Ниш. Вториот дел од вечерта беше посветен на стихозбирката на Ацо Шопов „Дрвото на ридот“ во превод на Данијела Костадиновиќ. За творештвото на Ацо Шопов и преведувачкиот процес на Данијела Костадиновиќ зборуваше доцент Иван Антоновски, асистент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“  – Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Данијела Костадиновиќ, авторка на монографијата „Каде умираат дрвјата“ и преведувачка на стихозбирката „Дрвото на ридот“ од Ацо Шопов, е професорка на Филозофскиот факултет во Ниш. Студира јужнословенска компаративна книжевност и литература за деца. Преведува стручни и уметнички текстови од македонски на српски јазик.

Публиката имаше можност да го слушне македонскиот мелос во уметничкиот настап на сопранот Анита Ферлеж, додека модераторка на вечерта беше Емилија Радмиловиќ.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button