Приватниот Театар Провокација од Скопје на 9 от Интернационален фестивал на дуодрамата во Топола – Р. Србија, се здоби со награда: НАЈДОБРА ПРЕТСТАВА НА ФЕСТИВАЛОТ!
Ова е уште една потврда за успешното работење на Театар Провокација, кој во мај оваа година гостуваше во Белград на манифестацијата Денови на македонската култура.
Селектор на фестивалот беше познатиот актер Ирфан Месур, додека стручното жири го сочинуваа познатите актери: Томислав Тома Трифуновић (претседател на жирито), Сергеј Трифуновић и Весна Станојевић.
Театар Провокација веќе на 10.09.2022 ( сабота), со истата претстава гостува на ФКТ „ Ристо Шишков“ во Струмица.