ВестиКултура

Премиера на претставата „Домот на Бернарда Алба“ во режија на Андреј Цветановски во Лесковац

Во Народниот театар во Лесковац премиерно е прикажана претставата „Домот на Бернарда Алба“ во режија на Андреј Цветановски и во продукција на Лесковачкиот народен театар.

Претставата, работена по тесктот на шпанскиот автор Лорка, е прва во оваа сезона и претставува дело кое ги оправдува високите очекувања на лесковачката публика.

Сценографијата ја потпишува Сергеј Светозарев, а музиката Димитар Андоновски, постојани соработници на режисерот Цветановски, додека автор на костимите е Ивана Ристиќ. Автор на сценското движење е Миодраг Крчмарик, а дизајнот на светло е Радомир Стаменковиќ.

Во раскошната и комплексна претстава „Домот на Бернарда Алба“ гледачите имаа можност да се впуштат во светот на темниот вилает на зачмаената фамилија составена исклучиво од женски ликови. Актерките Сузана Грујиќ, Маја Јанковиќ, Тања Крчмарик, Наташа Пејиќ, Мина Цоциќ, Петра Димитријевиќ и Радмила Коцевска тотално посветено и исклучително успешно не вовлекоа во приказната за мајката тиранин и петте ќерки затворени под нејзина команда.

Македонскиот режисер Цветановски изјави дека Лорка е еден од авторите чија поетика и лирика прави неговите текстови да се подложни за нови прочити и низ тоа секоја негова драма станува основа за модерен театар. „Домот на Бернарда Алба“ е текст кој нуди толку многу можности во својата тема, што претставува празник за секој режисер, ама и голема одговорност. Низ работата на оваа претстава можевме да го гледаме создавањето на еден женски свет што страда за своите пропуштени шанси, ги сонува своите соништа и живее со својата фрустрација од тој патријархален свет, а во исто време претставува негов најголем чувар. Приказна за затворот на сите желби, страсти, амбиции и сништа, како и револуција кој постепено ги симнува оковите и се бори да ослободи се она што не прави индивидуи во ова неправедно време.

Режисерот Цветановски вторпат оваа година работи во Србија, после премиерата на претставата ,,Идиот” од Достоевски во продукција на Новосадскиот театар која се случи во јануари оваа година.

Извор
makfax

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button