ВестиКултура

Презентација на македонски народни носии на меѓународниот фестивал ,,Бисерна грана”

Изминатиов викенд на фестивалот на народни носии ,,Бисерна грана” во Нови Сад учествуваа и членовите на КУД ,,Илинден” од Струга. Тие ги претставија народните носии од колекцијата на Љупчо Милошески , а неговиот избор беше етничкиот предел на струшко поле, пределот што лично најмногу го опишува Милошески, затоа што како вели таму припаѓа и таму се наоѓа неговата родна Драслајца.

  • Во силна конкуренија на автентични носии, нашата машката носија ,,зет” го освои високото трето место на фестивалот во категорија – машки носии. Убаво е да напоменам дека минатата година, на истиот фестивал беше првото Меѓународно презентирање и промоција на мојота монографија и изложба ,,Од Љубанишча до Дебор” истакна Милошески.

Фестивалот на носии и накит ,,Бисерна грана” се одржува по шеснаести пат во организација на Културниот центар ,,Младост” во Футог, под покровителство на градот Нови Сад и со подршка на Министерството на култура на Република Србија и Покраинскиот секретаријат за култура.

Извор
Струга онлајн

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button