Прашалник за припадниците на македонската заедница во Србија

Националниот совет во соработка со Мисијата на OSCE во Белград, започна со процес на изработка на Национална стратегија на македонската заедница во Србија, со оглед на тоа дека претходната беше со рок на важност од 2013-2023 година.
За таа цел од страна на OSCE е делегиран експерт координатор за изработка на стратегијата, која заедно со Националниот совет ќе ги изврши сите подготовки и ќе ги собере сите неопходни информации со цел стратегијата да биде што повеќе релевантна и реално спроводлива во иднина.
Со оглед на наведеното, објавен е прашалник кој е потребно да се сподели до што повеќе припадници на македонската заедница во Србија. Прашалникот е потребно да се пополни (може и анонимно) и со тоа да се даде голем придонес во изработката на стратегијата!
Рокот за споделување на прашалникот е во што поскоро време а истиот треба да се пополни најдоцна до 08.05.2025 година, со цел да се има време пред одморите да се влезе во наредна фаза на подготовка на Стратегијата, со оглед на тоа дека е обемен процес кој бара доста време.
Прашалникот можете да го видите и пополните на овој линк: https://nsmakedonaca.org.rs/upitniknsmnm/