
Во чест на 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија, во просториите на Македонскиот културно-информативен центар во Белград се одржа преубав празничен концерт на реномираниот Скопски дувачки квинтет. Настанот привлече голем број љубители на музиката, пријатели и членови на македонската заедница во Србија меѓу кои и претседателката на Македонскиот национален совет Зорица Митровиќ, кои имаа можност да уживаат во исклучителната изведба и во богатата музичка програма подготвена во духот на празникот.


Македонскиот национален совет во Србија ја искористи приликата и со особена чест и гордост им го честита 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија – на сите Македонци во Србија, во татковината и насекаде низ светот. Овој значаен ден е потсетник на истрајноста, храброста и љубовта кон слободата и сопствениот национален идентитет.


Независноста не обврзува да останеме обединети, посветени на зачувувањето и негувањето на македонската традиција, јазик и култура, како и на нивното пренесување на идните генерации. Во оваа свечена пригода, ја изразуваме нашата благодарност до сите што придонесуваат за aфирмацијата на македонското културно наследство во Србија и пошироко.
Нека 8 Септември биде симбол на заедништво, гордост и надеж за светла иднина на
македонскиот народ.