ВестиКултураМакедонијаМакедонци во светотОтворен Балкан

Почна со работа македонскиот Културно-информативен центар во Белград

Во новоотворениот простор на „Македонска“ бр.30, започна со работа македонскиот Културно-информативен центар во Белград. Првата програмска активност, пред бројната белградска публика ја поздравија и настанот заеднички го отворија Директорот на Центарот Васко Шутаров и Амбасадорот во Србија, Никола Тупанчевски. На настанот присуствуваа и претседстелката на Македонскиот национален совет Зорица Митровиќ, секретарот Марјан Јованоски, како и бројни членови на Националниот совет и припадници на македонската заедница во Белград.

Во пресрет на Велигденските празници, хорот „Менада“ се претстави со пригодна програма составена од 8 духовни песни, неколку хорски обработки на македонски шлагери и една фолклорна тема од тетовското поднебје, кои го исполнија просторот на Центарот со една исклучително свечена и топла емоција.

Не помалку внимание предизвика и големата ретроспективна изложба „Два конца парај“ составена од 50 дела од Друштвото на ликовни уметници Македонци во Србија, за која беше изготвен пригоден каталог и плакат.

Изложбата ќе може да биде погледана и на следниот значаен настан во организација на македонскиот КИЦ во Белград, а тоа е одбележувањето на Денот на Македонскиот јазик, на 5 мај, во 19 часот.

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button