Поетски букет
Вртејќи ги страниците се шири миризбата на свежо печатена книга… Книгата „Поетски букет” е колекција на песни од афирмирани македонски автори од различни генерации и со различни поетики. Во збирката се застапени 20 избрани современи македонски поети: Биљана Тодоровска, Борче Панов, Даниела Андоновска-Трајковска, Десанка Николова, Елена Пренџова, Елеонора Николовска, Горан Анчевски, Христо Петрески, Искра Пенева, Ленче Китанова, Марта Маркоска, Марина Гоцевска, Мери Арсовска, Митко Гогов, Митре Мангоски, Мирјана Стојановска, Силвија Димитриевска, Весна Мундишевска-Вељановска, Виолета Сековска и Андреј Јанков.
‒ Идејата за книгата дојде спонтано. По неколкуте преводи од македонски на албански јазик на повеќе македонски автори и нивното објавување во Албанија, Косово и Северна Македонија. По селекцијата точниот број на преведени автори е 20. Има и други автори кои се преведени на албански јазик но се не објавени во збирката. ‒ вели Адем Абдулаху, поетот и преведувачот, уредникот на збирката „ Поетски букет”.
‒ За книжевноста овакво дело на преведена поезија значи зближување на поетските јазични подрачиа во нашето поднебие. ‒ подвлекува Абдулаху.
Издавачката куќа „Илбери плус” од Тетово во тираж од 500 примероци ја издаде публикацијата со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Северна Македонија.