ВестиКултура

Панахида за Гоце Делчев во Јабука

Во организација на Македонскиот национален совет во Србија, организирана е Панахида, полагање на свежо цвеќе на бистата на Гоце Делчев во Јабука, по повод 121 година од неговото загинување.

На овој настан, кој се одржа во рамките на истоименото Основно Училиште „Гоце Делчев“ во Јабука, присуствуваа делегациите на Советот и локалното здружение ,,Илинден“ во Јабука.

  • Ликот и делото на Делчев, деецот на македонската револуционерна организација, водачот на македонското револуционерно движење го славиме и чествуваме со децении и овде во Србија, во Јабука. Сметаме дека наша обврска и обврска на сите идни генерации е да дадеме почит на ликот и делото на Гоце Делчев бидејќи тој е апостолот на македонската револуционерна борба, идеолог и визионер чии визии и идеи за Македонија отсекогаш биле и ќе биде водилка за македонскиот народ“ – истакна претседателката Митровиќ.

По полагањето на венците, делегацијата го посети домот на родителите на починатиот претседател на Советот, Борче Величковски, во Јабука.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button