Македонското Собрание конечно ги донесе законите кои овозможуваат конечна примена на идејата во оквирите на Отворениот Балкан за заеднички пазар на трудот помеѓу Македонија, Србија и Албанија. Лидерите на трите земји сметаат дека ова мерка додатно ќе го динамизира регионалниот пазар на трудот, а истовремено ќе влијае на процесите на миграцијата во позитивна смисла.
Што всушност претставува ова? Станува збор за заеднички пазар на трудот. Каде граѓаните на Македонија, Србија и Албанија ќе можат слободно, непречено и без додатни бирократски компликации слободно да аплицираат за работни места под исти услови како и локални граѓани. Секој граѓанин на Србија ќе може да се вработува во Албанија и Македонија под исти услови како и албанците и македонците, секој граѓанин на Македонија ќе може под исти услови како србите и албанците да се вработува во Србија и Албанија, секој граѓанин на Албанија ќе ужива иста работничка права како македонските и српските граѓани во Македонија и Србија.
Ова е всушност нов момент во регионалните оквири. Праќаме една нова порака. Порака во која Западниот Балкан не е само место за тензии, непријателства и одбивање на соработка, туку, регион во кој се следат модерните трендови, регион во кој соседите соработуваат, регион во кој полека но сигурно политичарите ги препознаваат реалните потреби на своите граѓани, без обзир на нивната национална, етничка или религиска припадност.
Ама сето ова би било уште подобро доколку во иницијативата се приклучат и економиите на Сараево, Подгорица и Приштина. Станува збор за три западно-балканска партнера кои сеуште се скептични кон оваа иницијатива, која сеуште ја доживуваат како нешто со сокриени националистички амбиции, која сеуште ја сметаат за алтернатива но и бариера на европската перспектива на регионот. Ама веројатно и сето тоа ќе се надмине. Затоа што Отворениот Балкан се покажа како оперативна иницијатива. Како иницијатива која навистина работи во интересот на стопанството. Како иницијатива која и да има политички премиси, пред се е фокусирана на конкретни решенија. На нови идеи и кон сето она што ќе го направи регионот економски атрактивен, одржљив и напреден во секоја смисла.
Заедничкиот пазар на трудот додатно ќе го динамизира регионалниот пазар. Работниците ќе можат слободно да го бираат своето работно место.
А она што никој сеуште нема го приметено. Баш овој пазар на трудот ќе допринесе кон департизација на националните пазари на трудот кои се чест феномен и во Србија, и во Македонија и во Албанија.
Потешко ќе можат партиите да условуваат за запослување, а граѓаните полесно ќе можат да пронајдат адекватно работно место, прифатљиво, добро платено, одржљиво.
Сето ова го води целиот регион кон вистинскиот смер. Кон еден мерит систем кој ќе ги покаже вистинските вредности на пазарот на трудот. Затоа што се повеќе ќе биде клучно какви квалификации поседуваш, колку су спремен да напредуваш и колку можеш да допринесеш, а се помалку која си етничка и религиска припадност и на која партија припаѓаш.