ВестиКултура

Отворена ретроспективната изложба „Стојан Пачов – живот и дело“

Ретроспективната изложба „Стојан Пачов – живот и дело“ беше отворена вчера во Големата галерија на Домот на војската во Белград и претставува своевидна почит на македонскиот уметник со повеќе од 60 дела од различни фази на неговото творештво, изработени од 1955 до 2014 година. Освен мртва природа и манастири, сликите на Стојан Пачов прикажуваат пејзажи од неговиот роден крај, делови од Белград и Охрид. На изложбата се изложени и неговите лични предмети: очила, пенкала, телефонски именик, покани, каталози за индивидуални изложби итн.

Изложбата, која ќе биде отворена до 22 јуни, ја отвори Никола Кусовац, познат ликовен критичар и пензиониран музејски советник.
Меѓу многубројните посетители и припадници на македонската заедница во Белград, беше и секретарот на Советот Марјан Јованоски.

Стојан Пачов е роден во 1934 година во Струмица. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности, отсек сликарство во 1958 година во Белград. Постдипломските студии ги завршува 1960 година. Беше член на УЛУС од 1960 година, како и на Друштвото на ликовни уметници Македонци во Србија (ДЛУМС) со кое што оствари неколку заеднички изложби. Покрај сликарството, се занимавал и со педагошка работа, бил професор по ликовно образование во Земун. Во знак на благодарност за неговиот труд и придонес, една белградска улица во Земун ја носи неговото име.
Почина во Белград 2015 година.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button