Вести

Остварување на правата и слободите на припадниците на националните малцинства во Србија: Конференција за унапредување на политики и практики

Претседателката на Македонскиот национален совет, Зорица Митровиќ, зеде активно учество на националната конференција „Остварување на правата и слободите на припадниците на националните малцинства во Србија: Предизвици и можности за унапредување на политики и практики“, која се одржа во Белград.

Настанот беше организиран по повод завршувањето на проектот „Поддршка за зајакнување на владеењето на правото во Србија“, финансиран од Европската унија и Германското сојузно министерство за економски развој и соработка (GIZ), а имплементиран преку проектот „Заштита на малцинствата во процесот на пристапување во ЕУ“. Проектот го спроведува Европскиот центар за прашања на малцинствата (ЕЦМИ) во соработка со ГИЗ и Министерството за човекови и малцински права и општествен дијалог.

Присуството на Митровиќ на конференцијата претставува значајно признание за ангажманот на Македонскиот национален совет во процесот на унапредување на правата на македонската заедница во Србија. Таа во своите излагања ја истакна важноста на институционалната поддршка, зачувувањето на националниот идентитет и унапредувањето на културните и образовните права на Македонците во Србија.

На конференцијата учествуваа и бројни претставници на институции, стручњаци и претставници на националните совети, меѓу кои и државниот секретар во Министерството за човекови и малцински права и општествен дијалог, проф. д-р Рејхан Куртовиќ. Беа претставени клучните препораки од проектот и отворена дискусија за идните чекори во зајакнувањето на механизмите за заштита на правата на малцинствата.

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button