ВестиКултура

Осврт на македонското учество во југословенската дипломатија

Традиционално чествување на 11 и 23 октомври во Белград

Секоја народ има датуми кој што ги прославува и кој што се битни за тој народ и таа држава.  За македонскиот народ тоа се и двата значајни датуми, кои што традиционално ги одбележува здружението Македониум во Белград: 11-ти Октомври – Денот на народноослободителната и антифашистичка борба, и 23-ти Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Во рамките на овогодинешната програма, која што се одржа во Установата за култура ,,Пароброд” учествуваше проф. Сашо Додевски од Скопје, кој ги претстави резултатите од истражувањето на кое што работи веќе подолго време на тема “Македонското учество во југословенската дипломатија низ примерот на државите од Централна и Јужна Америка”. 

Во рамките на ова истржување, прикажана е работата и дострелите на неколку македонски амбасадори, како што се Густав Влахов, Лазар Мојсов, Борис Миљовски, Кузман Димчевски, Петар Стамболиќ и други.

  • Секој народ кој што држи до себе, држи до своето минато и до својата историја. За да го почитуваат тоа и другите, мора најпрвин сами да си го почитуваме. Јас сум многу радосен и импресиониран од активностите на здружението Македониум и се надевам дека и други македонски заедници низ светот организираат вакви и слични настани, таа меморија да се одржи и да се пренесе на следните генерации – истакна Сашо Додевски.

Во соработка со македонската кинотека, прикажан е документарниот филм ,,Последниот Македонец” на Илија Пиперковски, во кој што е прикажан вековниот стремеж на македонскиот народ за слобода и независна држава.

Програмата ја отвори ансамблот ,,Македониум” со химната на здружението ,,Молитва”.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button