ВестиКултураНајави

Оркестарот на Македонската филхармонија гостува во Ниш

Оркестарот на Македонската филхармонија, на 4 јуни (недела) ќе гостува во Ниш во рамки на седмиот меѓународен фестивал за духовна музика „Музички Едикт“.

Оркестарот на Филхармонија ќе настапи во комплексот на Соборната Црква во Ниш, а ќе биде изведена „Хорска Фантазија“ за пијано, хор и оркестар, опус 80 од Лудвиг ван Бетовен.

Диригент е Хаџи Јаков Милутиновиќ, а како солисти ќе настапат Катарина Симоновиќ-Иванковиќ (сопран), Маријана Радосављевиќ (сопран), Александра Ристиќ (мецосопран), Саша Арсенков (тенор), Никола Стаменковиќ (тенор), Лазар Лазаревиќ (баритон) и Андреј Цинцаревиќ (пијано).

Настапуваaт и хорот од Факултетот за уметност во Ниш „Маестрини“ и хорот на РТС од Белград.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button