Вести
Определени буџетите на Покраинската влада за Националните совети на националните малцинства
На претставниците на Националните совети на националните малцинства на кои што седиштето им е на територијата на АП Војводина, свечено им се врачени договорите во вредност од преку 61 милион динари за суфинансирање на сталните и редовни трошоци во 2023 година.
Во името на претседателот на Македонскиот национален совет Борче Величковски на потпишувањето и врачувањето на договорите присуствуваше секретарот на Советот Зорица Митровиќ. Договорот го врачи потпретседателот на Покраинската влада, покраинскиот секретар Жолт Сакалаш.