Во преполната сала на Коларц, во Белград, Македонската филхармонија имаше концерт за паметење. Под диригентство на Габриел Бебешелеа и изведба на еден од најреномираните македонски пијанисти, Дино Имери, белградската публика имаше можност да слушне необичен репертоар – од „Пијан танец“ на Сони Петровски, инспириран од македонското народно оро Пајдушко, до „Патетичната симфонија“ на Чајковски. Токму спојот на традицијата и класиката е тоа што ја воодушевува публиката.
Ѕвездата на вечерта, Дино Имери, во обраќањето на медиумите го изрази своето задоволство што повторно настапува во Белград.
– Ова е мој прв настап во Коларац, но не и во Белград. Секое мое гостување е магично поради публиката која создава токму таква атмосфера со своето присуство, изјави Имери.
Говорејќи за патот кон успехот, Имери вели дека не го доживува како жртва и одрекнување, туку како уживање.
– Жртва се случува само кога го работите нешто што не го сакате. Не мислам дека треба одрекнување. Ако работите нешто, било што, внесите го целото свое срце и целата своја душа. Тоа е единствен начин на кои вреди да се работи било што во животот. Сите тешки моменти и сите сати вежбање ги доживувам како дел од патот во кои сум нашол и уживање.
Овој концерт е многу важен за продлабочување на соработката меѓу Македонската и Белградската филхармонија, вели Тина Иванова, директорка на Македонската филхармонија.
– Почнуваме една нова соработка меѓу двете институции – Белградска филхармонија и Македонска филхармонија. Македонската филхармонија долго време не гостувала тука и ова е симболичен почеток во рамките на регионалната сорботка „Отворен Балкан“. Белград е голем културен центар и оваа е за нас огромна чест. Се надеваме дека сите идни проекти ќе се одвиваат во таа наскока и дека ќе оствариме плодна соработка меѓу двете институции.
Белградската публика со големи аплаузи го покажа своето задоволство од маестралниот настап на Македонската филхармонија.